Во Словенија на крајот на јануари биле регистрирани вкупно 91.499 невработени лица, што е за 4,8 проценти повеќе од декември и за 14,6 отсто повеќе во споредба со јануари 2020 година, покажуваат податоците на словенечкиот Завод за статистика.

Бројот на новорегистрирани лица без работа изнесува 10.510, што е речиси 36 проценти во споредба со декември 2020 година.

Додека во споредба со јануари 2020 година, вкупниот број на новорегистрирани невработени лица се намалил за 6,9 процени. Од кои 487 првпат се пријавиле дека бараат работа, на 6.651 човек им истекле договорите на одредено време, потоа 120 лица останале без рабпта поради стечај, а 1.979 биле прогласени за технолошки вишок.

Во извештајот на словенечкиот Завод за статистика се наведува дека од евиденцијата на невработени лица избришани се 6.294 лица, од кои 4.611 се вработиле, што е пораст за 58,3 проценти во однос на декември и пад од 1,9 отсто во споредба со јануари минатата година.