Македонските власти треба да обезбедат вакцини, а не да се сведува дебатата на производителите на вакцини - порачуваат лекарите.
-Генарално политиката на глобално вакцинирање и обезбедување на заштита од корона вирусот треба да биде приоритет, а не да биде ориентирани кон едни или други производители без разлика какви се политичките и геостратешките или било кои други причини, вели за Алфа Злате Мехмедовиќ, специјалист по медицина на трудот.
Инаку според информациите од Министерството за здравство вакцините преку Ковакс земјава ги очекува во март, и тоа од „ Астра Зенека“. Според најавите, од овој механизам засега можеме да се надеваме на најмногу 175.200 дози, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.
Но, каде е разликата од ветените 833.000 вакцини преку КОВАКС на кои Македонија се надеваше? а министерот неколку пати ги најави дека се обезбедени.
- Веќе се обезбедени 833.000 вакцини за 400 000 граѓани преку Ковакс механизмот. Тоа е систем на СЗО и на Глобалната алијанса за вакцинација, рече Филипче на почетокот на декември.
Се уште нема ништо и за директниот договор со “Фајзер” за кои што Mакедонија се надеваше на 800.000 вакцини. Од ресорното министертво се правдаат дека дозите од овој производител засега се ограничени и затоа нема конкретни информации. Здравствените власти, не планираат набавка на руската вакцина Спутник.