Исламската верска заедница, по изјавите на Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој имаше средба со Реисот дека заеднички го осудиле скандирањето „УЧК“ „УЧК“ на протестот организиран против обвиненијата во случајот „Монструм“, испрати демант во кој се негираат таквите тврдења.
- Во едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, како што е македонското, толеранцијата, соработката и меѓусебното почитување е основа врз која мора да се гради заедничката демократска држава на законот и редот, правата и слободите на секој граѓанин мора да бидат загарантирани, без оглед на националноста или верската припадност.
Судските процеси поставени на етничка или верска основа не смеат да ги уништуваат судбините на невините индивидуи и на демократското општество како целина. Правото на протест и изразување на слободна мисла се демократски вредности и непобитен дел од основните права на човекот, општеството и индивидуата. Затоа, треба да се осуди секоја тенденција овие права да се ограничат или злоупотребат за тесни приватни интереси и провокации.
Секако дека е непобитен факт, и ние сме горди на тоа, дека ОВК е вредноста што го смени политичкиот и правниот статус на Албанците и, зошто да не, и на сите други заедници во РCМ, што резултираше со потпишувањето на Охридскиот меѓународен мирoвен договор, кој беше вграден во Уставот на РСМ и го отвори патот за реформскиот процес кон евроатлантските интеграции (ЕУ и НАТО) на РСМ. Оттука националните и историските вредности, како што се оние на ОВК - Национално ослободителната армија - или други организации, не беа и не можеа да бидат тема на разговорот. Обидот дел од оваа средба да се стави надвор од контекст е пристрасно и злонамерно, се вели во реакцијата на ИВЗ.