На состанок кој го одржал Владо Бучковски заедно со амбасадорот на Бугарија во Македонија, директорите на АВМУ и Телеком било договорено од 1 март да започне реемитување на бугарската национална телевизија во Македонија на операторот Телеком, објави ТВ 21.

Средбата се одржала денеска, а тоа го соопшти Костадин Филиповски на социјалната мрежа Фејсбук.

Претходно на дел од операторите веќе се реемитуваше програмата на БНТ на територија на РСМ.

Договорено е и МРТ да се реемитува на територија на Бугарија, како и државните агенции да имаат свои дописници.

Во 2014 година во Охрид беше потпишан исто договор за реемитување на МРТ и БНТ на територии на Македонија и Бугарија, но зошто тој не се почитувал останува нејасно.

Извор: ТВ21