Со кратка презентација по повод 15-годишнината од формирањето на Државната изборна комисија како професионално тело, денеска се одбележува Глобалниот ден на изборите.

Глобалниот ден на изборите секоја година се одбележува во првиот четврток во февруари. На овој ден изборните комисии ширум светот организираат тркалезни маси, дебати, работилници, средби со граѓани, со цел да ја истакнат посветеноста на заштита на правото на глас како едно од основните човекови слободи и права.

На одбележувањето се поканети и досегашните претседатели и потпретседатели на ДИК, кои дадоа придонес во унапредувањето на изборите во државата.