Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе учествува на консултативни состаноци со претставници од компаниите, локалните самоуправи и средните стручни училишта во Велес и Кавадарци.

Состаноците се дел од процесот „Учи паметно, работи стручно“ чија основна цел е да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралелки во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година.

– Со унапредување на стручното образование ќе може да се одговори на потребите на реалниот сектор со соодветен стручен кадар, но и да се овозможи поголема вработливост на младите, велат од МОН.