Дамјан Давков, математичкиот гениј кој неговите сограѓани од Штип го нарекуваат и Штипскиот питагора, уште од рана возраст се соочи со апсурдноста на Македонскиот државен апарат, нефункцонирање на системот како и селективноста во општеството во која македонските граѓани веќе подолго време живеат.

Имено, Дамјан Давков, кој е основец во СОУ Ванчо Прќе во Штип учествувал и победил на 63-от Државен натпревар по математика за средношколци, каде што освоил максимум поени. Иако основец, сепак Дамјан бил прв помеѓу средношколци кои биле од овој натпревар.

За овој негов успех, заедно со неговиот ментор поднеле барање до Министерството за образование и наука, согласно законските прописи, да му биде доделена парична награда како стимул за понатамошни успеси.

И тука на сцена стапува Министерството за образование, односно Решението на министерката Мила Царовска во кое барањето се одбива како неосновано и на Дамјан не му се доделува парична награда.

Откако во јавноста беше објавено Решението, за кратко време следеа бура од негативни коментари на социјалните мрежи.

- Образовниот систем ни е катастрофален, не стимулира натпросечност. Фокусот е на просечноста. МИзерно општество„

- Голема срамота!!Еве како државата ги наградува нашите таленти. Не се чудете ако избега во странство, се само дел од коментарите.

Инаку во рок од два месеци ова е втор пат основецот кој е добитник на стотици награди и медаљи по математика да го одбијат за парична награда. Претходно е одбиен за освоена втора награда на Европскиот математички куп.