Професорката Ганка Цветанова која беше и министерка култура преку социјалните мрежи го искоментира барањето на Захариева во Македонија да се отвори Бугарски културен центар.
Таа вели дека во нашата земја ваква институција постои уште од 2002 година како резултат на договор помеѓу Македонија и Бугарија за соработка во културата потпишан лично од нејзина страна.
„Кажете и на Захариева дека во Македонија постои бугарски културен центар отворен како резултат на Договорот за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија, потпишан во 2002 година, од моја страна, како министер за култура, и тогашниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси.
За програмата и работата на бугарскиот културен центар и колку истиот успеал да им ја претстави и доближи бугарската култура на македонските граѓани, одговорноста во целост ја сноси бугарската дипломатија и надворешната политика“, коментираше Ганка Цветанова.