Европратеникот од редовите на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски на својот фејсбук профил го тагна Зоран Заев и му порача дека Гоце Делчев е бугарски херој, откако премиерот на фејсбук со статус ја одбележа годишнината од раѓањето.

- Зоран Заев, јавно ќе треба да напоменам дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот устав на организација е Бугарски македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Бугарски, Зоране. Бугарски, Заев. А Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш, самиот себе се определил како бугарски учител, бугарски... напиша Џамбаски.