Откако Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски коментираше на објавата на премиерот Зоран Заев во која го одбележува раѓањето на Гоце Делчев, коментар односно reply на коментарот на Џамбаски даде Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Европратеникот од партијата на Каракачанов, Џамбаски искоментира дека македонската револуционерна организација е бугарска а Гоце Делчев бугарски херој.

- Зоран Заев, јавно пак ќе треба да напоменам дека „македонската“ револуционерна организација е бугарска. Според првиот Устав името на револуционерната организација е Бугарско македонско-одрински револуционерни комитети (БМОРК). Бугарски, Зоране, Бугарски, Заев. А Георги (Гоце) Николов Делчев, роден во бугарско семејство, во бугарскиот град Кукуш сам себеси се определил како бугарски учител, бугарски офицер, бугарски револуционер, бугарски војвода во бугарската револуционерна организација, стоеше во коментарот на Џамбаски на фб објавата на премиерот Зоран Заев.

На нивната конверзација односно со reply на коментарот на Џамбаски се надоврза и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

- Бидејќи гледам дека премиерот Заев реши да не ги брани македонските интереси, јас ќе одговорам дека ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев е Македонец, и тоа еден од најсветлите ликови во македонската историја – напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.