Пред повеќе од 4 години, премиерот, сегашните министри, директори и градоначалници на големо обвинуваа дека тогашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најмногу одговорна за лошите извештаи на „Транспаренси Интернешенел“ и „Економист“.

Еве како зборуваа членовите на СДСМ летото пред изборите во 2016-та година.

-Потребата од воведување на владеење на правото, на владеење на ред и поредок, департизирање на македонските институции, и повторно владеење на демократските вредности во нашата држава, е потреба пред се на граѓаните на Република Македонија и на нашата држава. Тоа е интересот и на Социјалдемократскиот сојуз, Република Македонија, конечно да стане земја со цивилизирани вредности на 21 век. Обидот на Никола Груевски да го плоронгира воведувањето на ваков ред, не е ништо друго туку обид да се спасат од одоговорност за делата што ги имаат направено во текот на нивното владеење, рече актуелниот градоналаник Петре Шилегов, пред СДСМ да дојде на власт.

Сега, пак, кога Македонија на ранг листите секоја година е се подолу и подолу, не гледаат грешки во сопствените редови.

-ВМРО-ДПМНЕ и на централно и на локално ниво е симбол на корупцијата и криминалот, со огромен број постапки, кривични пријави, обвиненија. Оваа целосно нереформирана партија целосно го блокираше законот за Јавно обвинителство, се потпираше на трансфер на предметтие за криминал и корупција од СЈО, ги блокирашпе сите процеси низ кои требаше да тргне и да оди оваа земја. Затоа сме влезени силно и бескомпромисно, неселективно во овие клучни приоритети, истакна Николовски, неодамна.