Во кривичниот суд, денеска продолжи рочиштето за обвинетите од 27-миа април. Како сведок на одбраната, Митко Чавков прашан дали на 27 април 2017 година бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, Чавков рече дека ако некој посочи дека го видел таму, лаже.
На прашање од Судот дали е член на политичка партија, рече дека е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година, но дека никогаш немал партиска функција и тоа останало само како членство.
-Моите ангажмани беа поврзани само со МВР и полициските структури и мојата кариера нема никаква врска со политика, рече Чавков.
Прашан дали чул за кафичот „Аристократ“, Чавков псоочи дека знае оти кафичот се наоѓа во Автокоманда и е во сопственост на Нинџа, но оти тоа го знае од полициски извештаи.
Во однос на неговиот исказ дека, да не биле отворени вратите на Собранието, немало да се случи крвавиот четврток, Чавков рече дека тоа го има и во самото обвинение.
– Апослутно го имаме фактот дека вратите на Собранието се така механички затворени, што не може да се отворат без притисок од надвор. И во самото обвинение стои дека да не биле отворени вратите од внатре, не ви се случил крвавиот четврток, рече Чавков.