Цените на угостителските услуги во јануари годинава останаа на исто ниво како во декември минатата година, а во споредба со јануари 2020 година пораснаа за 0,5 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со декември 2020 година, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 отсто, Алкохолни пијалаци за 0,7 и Безалкохолни пијалаци за 0,8 отсто, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 1,6 проценти.