Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција истакна дека изградбата за бункерот за акцелераторот во штипската клиничка болница, на кој е проект работи фирма од Грција, „Интракат“ и е финансиран со кредит од Секретаријатот за Европски прашања, ќе заврши кон крајот на оваа година.

-Согласно новите рокови, според информациите на Владата и состојбата со ковид-кризата, се очекува бункерот да биде изграден кон крајот на 2021 година, почетокот на 2022 година, додаде Филипче

Инаку, акцелераторот во клиничката болница во Штип започна да се гради во мандатот на претходната влада, односно на почетокот на 2014 година.