Примопредавање на медицински вентилатори од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемија (NATO Pandemic Response Trust Fund – PRTF), како донација од Совак еид (Slovak Aid) ќе се одржи денеска во 13 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Донацијата се реализира во рамки на посетата на министерот за надворешни работи на Словачка, Иван Корчок, кој денеска престојува во Скопје.
На настанот покрај Корчок ќе присуствуваат и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, во својство на Национален координатор за странска помош во земјава и министерот за здравство Венко Филипче.
По настанот се предвидени изјави за медиумите.