Демократска Бугарија го претекна традиционално првиот по регистрација за избори Цветан Цветанов. Така, коалицијата меѓу „Да, Бугарија“ на Христо Иванов и ДСБ на Атанас Атанасов стана првата што се регистрираше во ЦИК, јави дописникот на МИА од Софија.
Тие чекаа во ред пред Цветан Цветанов со новите „Републиканци за Бугарија“, кои се регистрираа втори.
Лидерите на двете формации се поздравија рано наутро на влезот на централната комисија во Софија. Традиционално, Цветанов секогаш го регистрираше ГЕРБ прв во ЦИК, бидејќи младите од партијата ја минуваа ноќта пред комисијата за да држат ред. Сепак, оваа практика меѓу владејачката партија повеќе не се забележува со заминувањето на Цветанов од ГЕРБ. Денеска заврши и процесот на номинации во владејачката партија ГЕРБ за претстојните парламентарни избори на 4 април, соопшти министерката за енергетика Теменужка Петкова за БТВ.
Според истражување на агенцијата Сова Харис објавено денеска, 40 проценти од Бугарите би излегле на гласање два месеци пред да се одржат, додава дописникот на МИА од Софија. Ова значи дека околу 2,2 милиони луѓе се решени да гласаат, додека 1,375 милиони луѓе изразуваат потенцијална подготвеност да гласаат, што може да ја повтори излезноста од последните парламентарни избори во март 2017 година, што беше највисока во последните осум години. И според оваа студија, владејачките партии продолжуваат стабилно да видат.
ГЕРБ би освоила 27,1 проценти од гласовите доколку изборите се одржат денеска, додека БСП би добила 24,8 отсто, трета сила би била партијата на шоуменот и ТВ-презентерот Слави Трифонов со 15,3 проценти, а потоа следува партијата МРФ за која бугарските Турци гласаат со 9,3 отсто, Исправи се.бг 4,7 проценти. Меѓу сигурните членови на новото Национално собрание се ИМРО со 4,4 отсто од гласовите и „Да, Бугарија“ со 4,1 проценти.
Според оваа анкета, четири партии ќе влезат во Националното собрание по гласањето. Студијата уште еднаш регистрира дека изгледите на бугарската јавност за просперитет и подобар живот се поврзани со ЕУ, бидејќи нивото на доверба во неа е 56 проценти и ја надминува довербата во бугарските институции.