Реветингот е процес кој никогаш не завршува, постојано ќе има нови и нови луѓе кои ќе доаѓаат на одредени позиции, кои ќе имаат потреба да имаат пристап до НАТО-документи, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со заменик – командантот на американските сили во Европагенерал-мајор Џозеф Џерард, прашана кога Македонија ќе испрати воен претставник во НАТО.

– Во следните неколку месеци јас очекувам да имаме доволно голема бројка на офицери со НАТО-сертификат после реветингот за да можеме веќе да правиме избор кој ќе биде реален. Оти знаете како, ако имате пет луѓе коишто само го имаат процесот тогаш и немате избор. Затоа рековме сакаме да заврши најголемиот дел од овој процес па дури потоа да влеземе во процедурата на избор. Знаете дека нашиот тим во Брисел расте, мислам дека дополнително испраќаме уште еден член, истакна Шекеринска.

Таа информираше дека во тек се шест огласи за пополнување на НАТО-командните структури коишто исто така зависат од НАТО-сертификат и дека на тоа интензивно работат и домашните тимовите и тимот во НАТО.