Издавачите на весниците Ало, Курир, Српски телеграф и Информер минатата година добија околу 220.000 евра на медиумски конкурси, иако предначеја во кршењето на Кодексот на новинарите, објави денекас Здружението на новинари на Србија (УНС).
По шестмесечниот мониторинг на Советот за печат за 2020 година, Кодексот на новинарите е прекршен во 928 написи објавени во весникот „Ало“, додека „Курир“ е на второ место според бројот на прекршувања со 651 напис.
Според УНС, ова не беше пречка од буџетот на Нови Пазар за 2021 година да се планира проектите на издавачите на весниците Ало и Курир да се кофинансираат со 600.000 и 300.000 динари, иако во правилникот се пропишува дека Комисијата мора да земе предвид дали медиумите кои конкурираат, го прекршиле законот и новинарскиот кодекс во претходната година.