Поранешниот сопственик на Еуростандард Банка, Трифун Костовски, излезе со реакција во врска со информациите во јавноста дека е отворена предистражна постапка за четири лица кои биле дел од банката.
Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети, а по мене би било ред да бидат идентификувани со име и презиме. После 6 месечен молк од страна на Јавното Обвинителство излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели.
Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор одбанката. Утре следи мојата официјална колумна со која јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка, вели Костовски.