Бојан Василевски на својот твитер профил ја објави поканата која му стигнала на неговиот татко а испратена од Министерството за внатрешни работи.

Како што вели тој, неговиот 72-годишен татко е повикан на разговор зошто на социјалните мрежи го опцул министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

72 годишен човек(татко ми) го викате на информативен зашо го опцул Бочварски на ФБ!! Па до кога мислите да владеете?!? Еден ден се ќе ви се изнае*ам,со најава,да си знаете,да не биде после не сте знаеле!!!, пишува Василевски.