Кој и зошто ја прекрсти Попова Шапка во името кое албанската заедница во земјава и го даде? Имено, на новото промотивно видео на ЕЛЕМ Попова Шапка стана “Кодра е дјелит и тоа не само на пропагандниот материјал на албански јазик,туку и на тој што е на англиски. Ова видео не остана долго, оти ЕЛЕМ го поправи, но не целосно - туку ги ставија двете имиња на планината.
Јавноста негодува, а ЕЛЕМ изгледа не знае дека топонимите остануваат во оригиналната форма а не според називи кои повремено се користат.
-Попова Шапка сменето име..Ништо чудно,на државата и го сменија името, а, не на Попова шапка.
-Брука и срамота, ски центар? Село го направивте, името го дадовте,уште што? пишуваат грашаните под промотивното видео на ЕЛЕМ.
Има и такви кои сметаат дека “Кодра е дјелит” е правото име.
Во ЕЛЕМ се правдаат дека се работело за техничка грешка, која била веднаш исправена.
-Техничкиот пропуст е произлезен од страна на службите на Елемтурс, кој стопанисува со центрите, а во чија организација беше изработката на промотивниот материјал. Како АД ЕСМ, изразуваме жалење што идејата за промоција на природните убавини во зимската сезона на Попова Шапка добија политичка конотација.
Сепак, во ЕЛЕМ не образложија,како ја исправиле грешката, кога и во новото видео,стојат двете имиња.