Слаѓана Тасева, од Транспаренси интернешнл во емисијата „Што не е јасно” на Алфа телевизија рече дека не е убаво Владата да се истрчува со изјави и реакции околу извештајот на Траспаренси. Се работи за релевантни резултати.

-Врз база на седум истражувања е направена перцепцијата за корупција во државата. Друг пат било врз база на три истражувања, а сега врз седум. Користени се повеќе индикатори и извори за овој индекс. Значи единицата на весникот “Економист”, од кого што потекнуваат економските индикатори. Тој истиот пред три дена објави дека Македонија е хибридна држава. Имаме истражувања од Светскиот економски форум, многу реномирана светска институција. И затоа не можеме да го негираме тој резултат. Ако не се во право, ајде Владата нека ги побие тие институции дека не биле во право. Но, треба да се разговара со аргументи. Потоа ги користиме резултатите од “Фридом хаус”, “Глобал инсајт”, Проектот за демократија, Светскиот индекс за владеењето на правото или правда и така натака, изјави Тасева.