Кризниот штаб на БиХ одлучи денеска да дозволи посета во домовите за стари и изнемоштени лица, а помошник министерот за здравство Горан Черкез истакна дека таа одлука ќе биде спроведена во рамки на претходно подготвениот план.
Черкез додаде дека кантоните можат да воведат рестриктивни мерки, но тие не смеат да бидат поинакви од останатиот дел на БиХ.
– Мораме да имаме хармонизација на мерките, бидејќи во оваа криза сите зависиме едни од други, додаде помошник министерот.
На седницата на Кризниот штаб се разговарало и за враќање на публиката на фудбалските стадиони.