Започнува судскиот процес против Жарко Масларковски, навивачот на Вардар, кој во јавноста стана актуелен откако доби казна поради тоа што на прославата на шампионската титула на РК Вардар на својот грб го носеше знамето со сонцето од Кутлеш.

- Другари и другарки!!! И овој пат јас ја барам само вашата морална поддршка за моето судење кое ќе се одржи 09:20. Со мојот адвокат Dragan Stari Pesevski побаравме на судењето да присуствува и полицискиот службеник кој ги констатира прекршоците за јавен ред и мир на организирана прослава за шампионската титула на Р.К. Вардар, како и поинтересниот прекршок, носење на Македонското знаме на сопствен грб. Се додека системот не опресира, желбата за слобода и правдина е разгорена и голема. Да живее Македонија!!!, напиша Жарко на неговиот ФБ профил