Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се договорија да ја интензивираат соработката во борбата против пандемијата со Ковид-19, јави дописникот на МИА.
– Израел постигнува исклучително високи резултати во борбата против коронавирусот, рече премиерот Борисов, при што додаде дека Бугарија е земја со најмали рестриктивни мерки во Европската Унија и во исто време успева да ја контролира пандемијата.
Борисов изрази уверување дека во блиска иднина Бугарија и Израел ќе можат да го ограничат ширењето на пандемијата на нивните територии, а односите меѓу двете земји ќе се вратат на нивното претходно активно ниво.
Борисов и Нетанјаху, исто така, се согласија да работат на олеснување на патувањето меѓу граѓаните на двете земји.