Спроведување на жалостната поворка во спомен на генералот Христо Луков денеска е прекината по наредба на градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова, јаво дописникот на МИА.

Полицијата почна да ја извршува наредбата на градоначалничката на Софија и ја растури групата луѓе пред Националниот дворец на културата – НДК. Неколку минути по 17.30 часот учесниците почнаа да се собираат во областа на Националниот дворец на културата, но поворка нема да има.

Во меѓувреме, Врховното администртивно обвинителство (ВАП) го упати министерот за внатрешни работи и градоначалникот на општината на главниот град (СО), во рамките на нивната надлежност со закон, да преземат мерки за усогласување со важечките прописи со цел да се заштити јавниот ред и заштита на правата на сите граѓани во случаи на опасност при т.н. Луков марш. Канцеларијата на градоначалникот се согласи само да се „положат венци” на улицата Тракија 1.

Министерството за надворешни работи на Бугарија ја изрази својата целосна поддршка за општината Софија и сите други одговорни институции, кои уште еднаш го забранија и спречија „Луков марш“. „Овој алармантен приказ на антисемитизам, ксенофобија, омраза и нетрпеливост нема место на софиските улици“, истакна бугарското МНР.

Бугарската Влада доследно и категорично го осудуваше Луков марш. Тоа е антитеза на непоколебливата и силно изразена традиционална толеранција на бугарското општество, смета Кабинетот во Софија.