Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, поднел оставка на денешниот состанок на раководството на партијата, јавуваат приштинските медиуми.

Порталот gazetaexpress.com., повикувајќи се на свои извори, соопшти дека Мустафа оставката ја поднел на самиот почеток на состанокот на најтесното раководство на партијата.

На вчерашните избори, ЛДК претрпе тежок пораз, а според првичните резултати освои само 13,08 проценти или 102. 959 гласови, што е речиси 100.000 помалку отколку на изборите во октомври 2019 година.

Според косовската ЦИК, ЛДК, исто така, претпел тежок порази и по општините, не победувајќи во ниту една косовска локална самоуправа.

Од 2010 година, откако Мустафа го презеде раководството на партијата, ЛДК не победи на ниту едни парламентарни избори, додека истовремено тој ја загуби и Приштина, градот во кој тој беше градоначалник од 1999 година.

Според досега обработените резултати во ЦИК, движењето Самоопределување на Албин Курти е убедлив победник на вчерашните парламентарни избори, со освоени 376.933 гласа, или 47,88 проценти од излезените гласачи. На второ место е Демократската партија на Косово (ДПК), која во моментов има 136.681 глас или 17,36 проценти.