Познатиот луксузен автомобил Јагуар ќе биде 100 отсто електричен бренд од 2025 година натаму, најави британскиот производител „Јагуар ленд ровер“ кој ја претстави својата нова „зелена стратегија“.

„До средината на ова десетлетие, ’Јагуар‘ ќе доживее преродба, така што ќе имаме чисто електричен луксузен бренд“, се вели во соопштението.

Компанијата, којашто ѝ припаѓа на индиската „Тата моторс“, ги изложи своите планови да воведе некои новини под водство на новиот извршен директор, Французинот Тиери Болор.

Британската компанија вети дека годишно ќе вложува 2,5 милијарди британски фунти (2,8 милијарди евра), главно за електрична енергија.


Администратор
16/02/2021 12:24