Интернационалниот фестивал „Охрид-фест – Охридски трубадури“ го објави конкурсот за годинешното 28 по ред фестивалско издание закажано за 9, 10 и 11 септември во Охрид.
Организаторот на манифестацијата очекува дека ова фестивалско издание ќе мине во „старата нормалност“, односно дека како и вообичаено престојното издание на „Охрид-фест“ ќе се одвива во трите предвидени фестивалски вечери со фолк, поп и интернационална вечер.
За учество на распишаниопт конкурс потребно е до организаторот да биде доставена демо-снимка и текст на македонски јазик со наслов на композицијата, назнака за која фестивалска вечер е наменета песната. Предуслов за учество е композициите претходно да не бидат изведувани, а истите да бидат соодветно авторски заштитени.
Годинава фестивалот става посебен акцент и дава голема поддршка за дебитанти, новите музички сили кои ќе имаат можност да настапат на 28-то издание на „Охрид фест- Охридски трубадури“, и во фолк и во поп вечерта. Демо-снимките од нивните композиции е потребно да бидат со пратечки инструменти, пијано и гитара.
Заинтересираните учесници своите авторки дела да ги испратат на адресите ohridfest.produkcija@gmail.com и grigorkoprov@yahoo.com
На конкурсот можат да учествуваат сите домашни и странски автори кои ги исполнуваат условите за учеството, а рокот за поднесување на пријави е до 15 април 2021 година.