Парискиот весник „Фигаро“ денска објави текст во кој проценува во пресрет на изборот на нов патријарх на СПЦ, дека изборот се одржуваат во контекст на длабоки внатрешни притисоци од врвот на државата.
„Со оглед на влијанието на Црквата, од клучно значење е за (српскиот претседател) Александар Вучиќ 46. патријарх да биде послушен. Флексибилноста (на новиот патријарх) е од суштинско значење за пристапот (решението) на косовското прашање”, наведува весникот, пренесе Бета.
Фигаро додава дека Вучиќ „не ја крие поддршката за поделба на територијата и територијалната размена, но Светиот синод ја отфрли таквата идеја во 2018 година, убеден дека тоа ќе го загрози српското население и ќе го зачува православното наследство“.
Парискиот весник пишува дека од 2018 година, Вучиќ се борел за наклоноста на патријархот Иринеј и многу владици кои сега ги прифаќаат идеите на владата.
„Со цел да обезбеди постојана поддршка (на Црквата), Вучиќ лично ја водеше кампањата, посетувајќи бискупии, но исто така и преку контролирани таблоиди, во кои се критикувани „предавниците во служба на западните сили“, наведува весникот.
Според Фигаро, една од „омилените цели“ на таблоидите е епископот во Дизелдорф и на цела Германија, владиката Григорије, кој отворено го критикува сегашниот режим, се залага за екуменски дијалог и има поддршка надвор од редовите на верниците.
Од друга страна, струјата предводена од Бачкиот епископ Иринеј е широко промовирана. „Осомничен за финансиски проневери и познат по своите ретроградни ставови на многу теми, му помага неговиот студент, митрополитот љубљанско-загрепски Порфириј“, наведува Фигаро.