Голем дел од граѓаните на Бугарија очигледно веќе го прележале Ковид-19. Ова го покажуваат податоците од независна студија лице в лице, дел од редовната програма на Галуп Интернешнл Балкан.
Анкетата е спроведена помеѓу 4 и 12 февруари кај 1.011 возрасни граѓани во Бугарија.
Шеснаесет отсто од возрасните бугарски граѓани изјавуваат дека ја прележале болеста – лесна или тешка. Ова значи над 800 илјади возрасни бугарски граѓани, со не повеќе од 5,2 милиони возрасни граѓани кои живеат постојано во Бугарија, јави дописникот на МИА од Бугарија.
Анализите на истражувањето покажуваат дека барем исто толку се оние кои ја имале болеста асимптоматски или едноставно не ја пријавиле на медицинските власти. Ова значи дека, на крајот, најмалку околу 1,5 милиони луѓе се оние за кои може да се заклучи дека се заразиле со вирусот, што значи дека скоро третина од возрасната популација во Бугарија.
Најмногу страдаа луѓето од помладите возрасни групи, во Софија и поголемите градови во Бугарија.
Директната подготвеност за вакцинација е исто така близу една третина – 27 отсто велат дека би се вакцинирале, а 48 отсо – не. Сепак, има 24 отсто колебливи.
Исто така, има околу еден отсто кои тврдат дека веќе биле вакцинирани, што се совпаѓа со реалноста за време на студијата.
И меѓу оние кои најмногу сакаат да се вакцинираат се претежно постари луѓе. Интересен детал е што групата приврзаници на владата во Бугарија е поподложна на вакцинирање – очигледно меѓу нив декларативната желба за вакцинација се чита и како доверба и како лојалност.