Продолжуваат препукувањата меѓу шефот на албанската држава Илир Мета и премиеот Еди Рама, околу справувањето со пандемијата со Ковид-19 и процесот на вакцинација.

Од Валона, каде што, по Тирана и Скадар, денеска почна вакцинацијата на здравствените работници и лицата сместени во старечки домови, Рама, му одговори на Мета по неговите обвинувања дека земјата е на прагот на национална катастрофа кога станува збор за пандемијата со Ковид-19.

-За среќа малубројни се оние кои посакуваат катастрофа. Како што најавивме денеска почна вакцинација во Валона. Процесот оди со забрзано темпо и набрзо ќе бидат имунизрани сите здравствени работници и станарите и персоналот во старските домови. В недела почнуваме со вакцинацирање на популацијата над 80 – годишна возраст, рече Рама.

Според Рама, Мета веќе подолго време не се однесува како претседател на државата.

– Претседателот веќе подолго време не е претседател, туку злоупотребувач на функцијата претседател во функција на претпријатието управувано од неговата сопруга. Тој доаѓа во Валона тајно ноќе, оди горе-долу, ноќе се појавува во автомобили без релевантен протокол, се среќава со луѓе, но очигледно со не толку многу зашто сега луѓето веќе не веруваат во ЛСИ (Движење за социјалистика интеграција, основана од Мета, а актуелен лидер е неговата сопруга Моника Круемади). Му кажувам дека изборите ќе бидат катастрофа за ЛСИ, рече Рама.

Рама се фокусираше и на убеденоста дека неговата Социјалистчка партија ќе го добие третиот мандат, велејќи дека тој е „најнезадоволен од сите во однос на работата што треба да се заврши“,но,според него, Албанците треба да му ја дадат довербата по трет пат за да се продолжи со успешнте проекти.

Според него она што била Албанија пред осум години и сега не може да се спореди, во позитивна смисла, но оти треба уште да се направи.