Општина Солун, на официјалниот сајт, отвори дигитална платформа за вдомување бездомни животни, која во првата фаза ќе работи пилотски, јави дописничката на МИА од Атина.

-Општина Солун бара дом за секое бездомно животно. Многу животни без размислување, се напуштаат на улица и секојдневно се борат за преживување. Да ги отвориме нашето срце и нашиот дом за едно од овие. Вдомувањето спасува животи, бидејќи е чин на љубов, пишува на дигиталната платформа.

Процесот започнува со период од две седмици за прилагодување, по што следи и официјалното вдомување.