Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократската партија, Љуљзим Баша, ја заврши посетата на Словенија и Хрватска, каде се сретна со словенечкиот премиер Јанез Јанша, земја која ќе го преземе ротирачкото претседателство со Европската унија и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, најмладата членка на Европската унија.

Од нив, кои Баша ги опишува како двајца негови и албански добри пријатели, вели дека добил силна поддршка за интеграција на Албанија во ЕУ.

-Средбите со премиерите Јанша и Пленковиќ беа исклучително плодни состаноци и многу ме охрабрува поддршката што ја добив на патот кон членството во ЕУ и добрите денови што претстојат. Албанија мора да чекори по сигурен пат кон Европската унија. Ова не се случи за време на осумте години владеење на Еди Рама, кој ја оддалечи Албанија од Европската унија. Ние ќе ги исправиме сите неуспеси на Рама, вклучувајќи го и овој. Исто како што успеавме да ја внесеме Албанија во НАТО со решителност и доверба од нашите европски и американски партнери, исто како што ги отстранивме визите, со иста волја и незапирлива работа, заедно со вас и со помош на нашите пријатели, ќе ја внесеме Албанија во Европска унија, вели Баша во видео обраќање.

Додава дека двајцата премиери изразиле подготвеност да ги зајакнат врските со Албанија во сите области: туризам, трговија, дипломатија, бизнис, инвестиции.

-Разговаравме за начините да се постигне ова, веднаш штом ќе бидам избран за премиер, посочува Баша, кој е убеден во победата на парламентарните избори на 25 април.

На посетата на Баша на Љубљана и Загреб, словенечките и хрватските медиуми отстапија широк простор посебно нагласувајќи ја искажана подршка на Јанша и Пленковиќ за почеток на преговорите на Албанија годинава.