Кривичниот суд му определил мерка куќен притвор на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и обвинет во предметот „Таргет-Тврдина“.

Како што пренесуваат дел од медиумите, досегашните мерки на претпазливост му се сменети со куќен притвор на четири дена пред изрекувањето на пресудата за случајот за масовното прислушување.

Како што пренесува Фокус, засилено полициско присуство било забележано пред домот на Мијалков на Водно.