Откако обвинителството побарало а кривичниот суд му определило мерка куќен притвор на екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, кој е обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ како што информираат дел од медиумите, полицијата не успеала да го најде на домашна адреса за да му го врачи решението.
Поради тоа, од МВР издале потерница која е доставена до граничните премини, пренесе Телевизија Алсат од извори во полицијата а МВР проверува и дали можеби е во Хотелот Мериот во чие сопствеништво фигурира и семејството Мијалкови.