На денешнот рочиште за изрекување на пресудата во случајот „Монструм“ обвинетиот Фејзи Азири, пред судот, ги повика јавниот обивнител Љубомир Јовески и јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска да го посетат во затворот во „Шуто Оризари“ да им предложи докази за нарачателите на убиството, за организаторите на убиството во овој предмет и за помагачите, со име и презиме и со прецизни докази.
– Доколку во рок од десет дена не ме повика во ЈО или не ме посети да го пријавам случајот, ќе ги дадам доказите на јавноста, на странските амбасади и на меѓународната заедница, за да се утврди точно кој е нарачател и извршител на убиството, рече Азири.
Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторно судење и случајот во март 2018 гдина го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.