По првично закажаната прес-конференција на Спасовски за во 14:30, од МВР информираа истата се поместува за во 15:00 часот.

Во јавноста од рано утрово се појавија низа шпекулации за евентуално поднесување на оставка на Министерот за внатрешни работи, а медиуми блиски до власта тврдат дека Спасовски на денешната прес-конференција нема да поднесе оставка туку ќе соопшти детали за бегството на Сашо Мијалков.