Одговарајќи на новинарски прашања, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека според нивните проценки, анализи и сознанија Сашо Мијалков не ја напуштил Република Македонија и се уште се наоѓа во земјата.

- Според нашите информации, анализи и сознанија Сашо Мијалков ја нема напуштено државата и се наоѓа на територија на Република Македонија, истакна Спасовски.