Обвинителите уште во петокот имале информација за бегството на Сашо Мијалков, истакна Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во врска со деталите за неговото бегство.
- Знам дека уште во петокот кога беа завршните зборови, обвинителите имале информација дека се подготвува бегство на Сашо Мијалков и ја пренеле на еден член на Владата дека е можно ова да се случи, а тој член не сум јас, истакна Спасовски.
Тој не сакаше да открие за кого станува збор и рече дека времето ќе покаже.