Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска ќе ги промовира наодите од работата на СОС-телефонот за деца и млади за 2020 година.
„Меѓаши соопшти дека извештајот дава преглед на дојавите во текот на 2020 година, за проблемите поврзани со правото на заштита од насилство, правото на образование и правото на пристап до други институции, за кои се обратиле јавувачите и со нив поврзаните права на детето кои биле загрозени или прекршени, како и улогата на волонтерите во работата на СОС-линијата за деца и млади.