Претседателот Стево Пендаровски денеска на својот Фејсбук профил напиша дека остануваат уште неколку дена за пријавување на повикот за Школата за политики за 2021.

-Остануваат уште неколку дена да се пријавите на повикот за #ШколаЗаПолитики. Ако ве интересираат теми како демократија, одржлив развој, евроинтеграции и комуникации, посетете ја веб-страната www.pretsedatel.mk/повик-за-школа-за-политики/, разгледајте ги критериумите и аплицирајте. #ПЦПО, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.

Повикот за школата организирана од Претседателскиот центар за политичко образование, беше објавен на 16 февруари, а завршува на 1 март.