Откако бугарскиот БГНЕС објави невистини поврзани со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека е оженет со Бугарка, односно дека неговата сопруга Рози Мицкоска е со бугарско потекло, Мицкоски овие наводи ги демантираше на социјалните мрежи.
- И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси.
Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту „браќата и пријателите“ на Заев кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана – демантираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.