Од граѓанската иницијатива против урбаното дивеење најавија дека утре ќе излезат на протест со блокада на улиците кај кружниот тек во Ѓорче Петров поради тоа што Советот на Ѓорче Петров го донел спорниот ДУП а министерот за транспорт и врски не ја прифатил поканата за средба.

- Поради тоа што ДУПот СЗ 15 во текот на вчерашниот ден е изгласан на седницата на советот на општина Ѓорче Петров како и тоа што министерот Благој Бочварски не се согласи со нашето барање за средба, ние како граѓанска иницијатива против урбаното дивеење утре сабота (27.02) во 12ч. ќе организираме блокада кај кружниот тек кај црквата Св. Петар и Павле, информираат од иницијативата.