Професорка по книжевност од Џенова, Италија, по име Мариса Кавана, оставила свој тестамент и 25 милиони евра за разни добротворни организации.

Жената починала на 96-годишна возраст и во својот тестамент дава прецизни упатства како да се подели богатството што го остава зад себе. Таа оставила дури и некролог во кој се простува од пријателите и од поранешните ученици.

Парите, меѓу другото, професорката ги дарува на „Амнести интернејшнал“, болници во Џенова, Фондот за малигни истражувања, невладината организација „Пријатели без граници“, Меѓународната организација за заштита на децата, „Спасете ги децата“ и други добротворни и невладини организации.

Госпоѓицата Кавана, како што ја нарекуваа покојната, никогаш не се омажила, живеела скромен живот, и сѐ до пензионирањето предавала литература и книжевност по италијански јазик во средно училиште. Вилата во која живеела, чијашто вредност се проценува на три милиони евра, според нејзината волја ќе биде продадена на оној кој ќе понуди најсоодветна цена, а парите ќе бидат распределени, според тестаментот, во добротворни цели.


Администратор
26/02/2021 11:44