Пешак се здобил со тешки повреди вчера во Скопје откако во него удрило патничко возило „БМВ ХБ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16 – годишник од с.Сингелиќ, Скопско.
Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа во СВР Скопје била пријавена вчера во 20.30 часот а се случила на крстосница од бул.„Мајка Тереза“ и ул.„Елисие Поповски-Марко“, кога возилото БМВ удрило во пешакот Ѓ.Ј.(58) од Скопје.
-Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, се здобил пешакот. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, наведуваат од МВР