Албанската министерка за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, на денешната пленарана седница на законодавниот дом, најави дека до средната на овој месец, во земјата ќе пристигнат на 14.000 дози вакцини од „АстраЗенека“, по што ќе започне имунизација на просветните работници и другите ранливи категории.

– Денеска чекаме на нова пратка од договорот со компанијата „Фајзер“, а до средната на овој месец ќе пристигнат 14.400 дози од „АстраЗенека“. Тогаш продолжиме со вакцинација на просветните работници и на други загрозени категории. Правиме напори да обебзедиме 1,6 милиони дози, рече таа.

Посочи дека за неколку недели од почетокот на вакцинацијата, денеска „имаме повеќе заштитени животи на лекарите и другиот здравствен персонал“.

-До вчера имаме над 13.495 вакцинирани, денес продолжуваме со вакцинирање на лекари, медицински сестри и стари лица + 80 години. До сега вакциниравме повеќе од 1.000 стари лица во домови за грижа на стари и изнемоштени лица и персоналот што се грижи за нив. Вакциниравме повеќе од 11.000 медицински персонал и очекуваме до средината на месецов да бидат опфатени сите здравствени работници, рече таа.

Во однос на епидемилошката состојба таа рече дека во последните две недели има намалување на инциденцата на инфекции на илјада жители.

-Имаме двонеделна инциденца од над 400 случаи на илјада жители, што во споредба со пред две недели имаме намалување. Сепак можам да речам дека непочитувањето на мерките предизвикува неконтролирано ширење на вирусот. Во нашата земја се уште не е потврдено постоењето на мутации на вирусот, но се сомневаме дека тие циркулираат, нагласи Манастирлиу.

Инаку, Албанија во изминатиот месец бележи највисоки бројки на новозразени и починати од појавата на пандемијата,односно 29.040 новозразени а починале 406 лица што е 25 отсто од вкупно 1.796 починати до сега.