Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТАn за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење за таргетирани актуелни прашања. Анкетата е спроведена телефонски во период од 26.02.2021 - 28.02.2021 врз 929 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.
Според анкетата, 63,4% од граѓаните сметаат дека постои договор меѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков додека 31,5% одговориле негативно на ова прашање.
Резултатите од анкетата го посочиле Оливер Спасовски како одговорен за бегството на Мијалков, односно 49,3% од граѓаните се одлучиле за овој одговор, додека 30,4% сметаат дека обвинителството е одговорно, 15% дека тоа е судството, за никој од наведените одговориле 4% од анкетираните, додека 1,3% немале одговор на ова прашање.
Високи 61,6% од граѓаните, целокупната ситуација околу бегството и обезбедувањето пред обвинителството на Мијалков го опишале како циркус, за 21,2% од граѓаните тоа претставувало правда, за 13,8% е неспособност, додека 3,4% од граѓаните не знаеле како да ја опишат ситуацијата или одбиле да одговорат.
Нарачател и спроведувач на анкетата е тимот на Институтот СИА ВИСТА, резултатите се користат за потребите на анализите на институтот.