36,2% од граѓаните сметаат дека пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ во која првообвинетиот Сашо Мијалков доби 12 години затворска казна е донесена под притисок на јавноста, додека 28,2% сметаат дека истата е донесена под притисок на меѓународниот фактор. 22,5% веруваат дека пресудата е донесена под притисок на Владата додека само 8% од граѓаните рекле дека истата е донесена поради непристрасна работа на судството и обвинителството.
Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА спроведена телефонски во период од 26.02.2021 - 28.02.2021 врз 929 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.