Објавен е третиот број од возобновеното Меѓународно научно списание „Безбедност“ на Министерството за внатрешни работи.
-Списанието има за цел да ги поттикне научните работници од земјата и странство, со своите научни резултати да ги претстават современите трендови во безбедносните, полициските, криминалистичките, правните и други науки од значење за развојот на полицијата, се вели во соопштението од МВР.
Оттаму изразуваат надеж дека припадниците на МВР и полицијата ќе ги користат резултатите од научните трудови во секојдневното работење и унапредување на полициската професија. Стручната јавност и пошироката читателска публика, како што се наведува, ќе имаат можност одблизу да се запознаат со значајните прашања на полициското постапување и со полицијата воопшто.